Firdevs Bulut
16 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ЈЕМЕН (АА) - Властите во привремениот главен град на Јемен, Аден, се обидуваат да ја откријат причината за смртта на стотици луѓе кои починаа од болест од непознато потекло, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Министерството за внатрешни работи, Ахмед Насир, почина од мистериозната болест, за која официјалните лица веруваат дека можно да е болеста што ги напаѓа белите дробови или позната како чикунгуња треска, според информациите што ги доби АА од анонимен владин претставник.
Нема официјално соопштение за причината за смртта.
„Од 1 до 13 мај, вкупно 623 луѓе починаа од чуми и вируси, од кои шест од смртните случаи се владини претставници“, изјави друг владин извор.
Треската чикунгуња е вирусна болест која се шири преку каснување од комарец.