Mohamed Sabry Emam Muhammed
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес го повтори ветувањето дека ќе ги анектира сите населби во окупираниот Западен Брег, пишува весникот „Ерусалим пост“ (Jerusalem Post), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нема повеќе да има преместување (на населбите)“, истакна Бенјамин Нетанјаху на свеченоста по повод почетокот на школската година во населбата Елкана на Западниот Брег.
„Со божја помош, врз сите населби ќе воведеме еврејски суверенитет, како дел од територијата на Израел и како дел од државата Израел“, рече тој.
Околу 650.000 израелски Евреи моментално живеат во над 100 населби изградени од 1967 година, кога Израел ги окупира Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс).
Меѓународното право ги смета Западниот Брег и Источен Ерусалим како окупирани територии, а сите активности за изградба на еврејските населби за нелегални.