Ahmed Asmar
20 Февруари 2025•Ажурирај: 20 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го откажа своето присуство на церемонијата за прием на телата на четворицата израелски заложници од Газа, јавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Палестинската група на отпорот Хамас утрово им ги предаде телата на Шири Бибас и нејзините две деца, Ариел и Кфир, и Одед Лифшиц на претставниците на Црвениот крст во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.
Според израелскиот Канал 12, Нетанјаху требало да присуствува на церемонијата на прием на четирите тела, но израелскиот премиер во последен момент го откажал учеството.
Хамас соопшти дека четворицата заложници биле убиени во израелските бомбардирања врз Појасот Газа.
Предавањето на четирите тела е дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници, кој стапи на сила на 19 јануари, со што беше запрена геноцидната војна во Израел во која се убиени речиси 48.300 Палестинци, главно жени и деца, а која енклавата ја остави во урнатини.