Turgut Alp Boyraz
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетајнаху изјави дека очекува помеѓу делегациите на Израел и Турција наредната недела да биде одржана нова средба и порача дека договорот за воспоставување на билатералните односи е многу блиску, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на неименувани дипломатски извор, израелскиот весник "Haaretz" јавува дека шефот на израелската влада Нетајнаху на состанокот со пратениците на американскиот Конгрес најави дека преговарачките делегации на Израел и Турција наредната недела ќе одржат состанок во една европска земја, а дека договорот е многу блиску.
„Нема да дозволиме нашите односи со Турција повторно да дојдат во сиуација од пред 10 години. Нормализацијата на билатералните односи е двостран интерес и ќе помогне во напредокот кон решавање на бројните регионални проблеми", изјави Нетанјаху.
Односите помеѓу Израел и Турција се влошија во мај 2010 година, кога израелската војска ја нападна турската флотила од шест бродови, која превезуваше хуманитарна помош за Појасот Газа, а девет турски државјани се убиени.
По тој инцидент, познат и како напад на бродот Мави Мармара, дојде до блокада на билатералните односи, а Турција од Израел побара извинување и парична оштета за семејствата на убиените хуманитарци.