Rustam Mikayilli
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
ВИЛНУС (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека на јулскиот Самит на земјите-членки на Алијансата, ќе се одржи во многу критичен период во кој Русија им се заканува на своите соседи и ги менува границите со воена сила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Самитот на НАТО ќе се одржи на 8-ми и 9-ти јули во полскиот главен град Варшава, а во рамките на подготовките за состанокот првиот човек на НАТО, Столтенберг, денеска се сретна со полскиот министер за одбрана, Антонио Макиеревич.
„Самитот ќе се одржи во исклучително критичен момент. Ја гледаме претенциозната Русија како им се заканува на соседите и по воен пат ги менува границите. Во исто време, на Блискиот Исток и на северот од Африка, гледаме пораст на насилството и радикализмот”, рече Столтенберг во изјавата по состанокот, а пренесува полската новинска агенција ПАП.
Истакнувајќи дека НАТО мора да ги најде одговорите за балистичките и сајбер закани, Столтенберг потсети дека НАТО претходно најави дека ќе го засили военото присуство во Полска, балтичките земји и другите земји во регионот и ќе отвори нови командни центри.
„Јакнењето на одбранбените капацитети со цел за одржување на мирот е најголемата задача на НАТО од завршувањето на Студената војна. Во овој контекст, важно Алијансата да соработува со другите земји”, рече Столтенберг.