Ibrahim Ramadan,Hamdi Yıldız
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, истакна дека во Израел ќе бидат испумпани милијарди преку договорите за нормализација на односите постигнати во последен период, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нетанјаху даде изјава за медиумите пред неговото патување од Тел Авив кон Вашингтон, каде што ќе учествува на церемонијата за потпишување на договорот за нормализација.
„Мировните договори со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин ќе испумпаат милијарди во израелската економија“, рече Нетанјаху.
Тој нагласи дека во рок од еден месец постигнале два мировни договора, истакнувајќи дека тоа е една нова ера.
Во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху се вели дека овој договор ќе ги обедини дипломатскиот и економскиот мир, и дека милијарди ќе бидат испумпани во земјата преку инвестиции, соработка и заеднички проекти.