Dejan Maksimoviç
03 Јануари 2016•Ажурирај: 05 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) – Поради егзекуцијата на шиитскиот верски поглавар Немр Бакир Ал-Немр од страна на властите на Саудиска Арабија се случија големи протести во Бахреин, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на протестите дојде до судир помеѓу демонстрантите и бахреинските безбедносни сили во Манами. На улиците на главниот град се водеа вистински судири, демонстрантите фрлаа молотовлеви коктели и палеа гуми. Откако утринава е објавено дека е егзекутиран Ал-Немр, започнаа протестите и во деловите на Кашмир, Пакистан и Индија.
Во Саудиска Арабија е извршена смртна пресуда на над 47 лица, меѓу кои е и Ал-Немр. Тој 2011 година ги предводеше протестите против државата во источниот саудиски град Катиф.
После тоа е уапсен и обвинет за поттикнување на протести, предизвикување на бунт и пружање на отпор на силите на безбедност. Казнениот суд на Саудиска Арабија на 15 октомври 2014 година го осуди на смрт, а потоа казната ја потврди и Врховниот суд.