Mustafa Deveci
04 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се назначи за министер за социјална помош и заштита - министерско место кое беше испразнето минатиот месец со оставката на Хаим Кац, пренесува Anadolu Agency (AA).
Владата испрати официјално писмо до израелскиот Парламент дека Нетанјаху е назначен во Министерството за социјална помош и заштита, на министерското место кое беше испразнето по оставката на Кац, по обвиненијата за корупција и злоупотреба на службената функција на 16 август.
Премиерот Нетанјаху се назначи на таа функција и ја презеде контролата врз четвртото Министерство во кабинетот.
Пред ова назначување, Нетанјаху имаше свои министерски места - одбрана, здравство и дијаспора - покрај својата функција како премиер.
Како одговор на политиката на Владата на Нетанјаху за блокадата кон Појасот Газа, Авигдор Либерман поднесе оставка од Министерството за одбрана во ноември минатата година, а израелскиот премиер Нетанјаху се назначи себеси за министер за одбрана.
Во Израел нема законска пречка за еден министер или премиер да има повеќе министерски места.