Muhammet Nazım Taşçı
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
АНКАРА (АА) – Независната постојана комисија за човекови права при Организацијата за исламска соработка (ОИС) вели дека регионот Кашмир контролиран од страна на Индија, е претворен во најголемиот затвор на отворено во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на оваа комисија, безбедносната блокада поставена во Џаму и Кашмир од страна на Владата на Индија од 5 август, полицискиот час, како и блокирањето на комуникацијата продолжиле, и покрај бројните реакции на меѓународната заедница.
„Џаму и Кашмир е претворен во најголемиот затвор под отворено небо во светот“, се истакнува во ова соопштение, во кое се наведува дека над 5.000 лица, вклучувајќи и локални политичари, активисти и новинари, илегално се задржани во притвор од страна на индиските безбедносни сили.
Комисијата изрази сериозна загриженост за состојбата во Кашмир, и побара формирање на истражна комисија во рамки на Обединетите нации (ОН) за истражување на прекршувањата на човековите права во регионот.
Во соопштението се упатува апел до Владата на Индија да ги дозволи истражните комисии на ОН и ОИС да го посетат регионот за на независен и објективен начин да дознаат за состојбата со човековите права.
Раја Фарук Хајдар Хан, премиер на Азад Кашмир, кој е контролиран од страна на Пакистан, вчера во изјава за АА истакна дека по укинувањето на посебниот статус на Џаму и Кашмир, регионот е претворен во најголемиот затвор под отворено небо во светот.
- Индија го укина посебниот статус на Џаму и Кашмир
Регионот Џаму и Кашмир од 5 август се соочува со обиди за потиснување, кога индиската Влада го отповика членот 370 од Уставот на Индија, кој ѝ даваше посебен статус на оваа област. Според „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch), стотици луѓе, претежно политички лидери, се приведени или уапсени од властите откако индискиот Парламент го направи овој потег.
Лидерите и жителите на Кашмир стравуваат дека овој потег е обид на Индија да ја смени демографијата на државата, каде што некои групи се борат против индиското право за независност или обединување со соседен Пакистан.
Индија и Пакистан контролираат делови од Кашмир и бараат контрола во целост. Кина, исто така, контролира дел од спорниот регион, но токму Индија и Пакистан војуваа двапати за Кашмир.
Регионот Џаму и Кашмир од 5 август се соочува со обиди за потиснување, кога индиската Влада го отповика членот 370 од Уставот на Индија, кој ѝ даваше посебен статус на оваа област.