Barış Gündoğan
01 Септември 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа седум терористи во рамки на операцијата извршена во руралното подрачје во турскиот град Хакќари, и во подрачјата Зап и Авашин-Басјан, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ТСК, објавено на Твитер, дадени се информации околу извршената воздушна операција.
Во ова соопштение се наведува дека Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција во руралното подрачје во турскиот град Хакќари, и во подрачјата Зап и Авашин-Басјан, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Според ова соопштение, во рамки на оваа операција, неутрализирани се седум терористи кои биле во подготовка за напад.