Salim Taş
02 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
ХАТАЈ (АА) - Две терористки се неутрализирани вчера пред да можат да извршат самоубиствен бомбашки напад во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот на гувернерот на јужната турска област Хатај соопшти дека терористките на ЈПГ/ПКК биле неутрализирани преку операција пред да го изведат нивниот планиран напад во населениот дел на Африн, благодарение на брзата реакција на безбедносните сили во регионот.
Се додава дека на локалните безбедносни сили им се дадени насоки во координација со гувернерството, и започната е истрага за случајот.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.