Adam Abu-bashal
29 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
АБУЏА - Во нигериската сојузна држава Насарава вооружена група упаднала во џамија, киднапирајќи 17 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, неиденификувани вооружени напаѓачи упаднале во џамија за време на молитва во градот Гваргвада-Сабо.
По упадот, напаѓачите киднапирале 17 лица, од кои 3 жени. Вооружената група од семејствата на киднапираните побарале откупнина во висина од 1 милион најри (околу 2.210 евра).
Владата не даде соопштение во врска со настанот.
Во последно време, вооружени лица на мотоцикли изведуваат напади низ земјата, поради што во некои с држави е забрането користењето на мотоцикл.
Сточарското племе Фулани, чии припадници мигрираат во јужниот дел од земјата за да ја нахранат својата стока, тврдат дека племињата земјоделци се обидуваат да им ја украдат стоката и вршат напади врз нив.