İdiris Okuduci
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
БЕРДЕ
- Идрис ОКУДУЏУ
Во нападите што војската на Ерменија од 27 септември досега со балистички проектили и касетни бомби ги изврши врз териториите на Азербејџан, животот го загубија 11 деца, а 8 се ранети.
Агенција Анадолија (АА) направи анализа на нападите извршени на различни датуми во кои животот го загубија 11 деца.
На 27 септември, првиот ден од судирот, Ерменија со тешка артилерија го гранатираше селото Кашалти Каракојунлу, сместено во подрачјето на градот Нафталан.
Во овој напад животот го загубија две деца, на 13 и 14-годишна возраст, кои си играле во дворот од својот дом.
Во нападот извршен врз населените места во Азербејџан, во периодот од 28 септември до 16 октомври загинаа 4 деца.
Градот Генџе, втор по големина во Азербејџан со околу 500.000 жители, на 17 октомври беше гранатиран од балистички проектил од среден домет. Во овој напад животот го загубија 4 деца, од кои 2 бебиња.
Во нападот, под урнатините животот го загубија 5-месечната Медине Шахнезарова, 10-месечната Нарин Ескерова и 15-годишната Ниѓар Ескерова. Момче на 13-годишна возраст, Ертут Мајаков, државјанин на Русија, беше извлечен од под урнатините и пренесен на лекување во болница, но поради добиените тешки повреди почина на 24 октомври.
Ерменија на 27 октомври со касетни бомби го гранатираше селото Карајусуфлу кое се наоѓа на 10 километри од градот Берде.
Во овој напад потешко беше повредена 7-годишната Ајсу Искендерова, која во својот двор си играла со сестричките. Ајсу беше пренесена во болница, каде што и покрај сите обиди на лекарите, им подлегна на повредите.
По нецели 24 часа од овој напад, со касетни бомби во најфреквентниот период беше нападнат центарот на градот Берде. Во овој напад ранети се 70 лица, од кои 8 деца.
Во нападот извршен врз градот Генџе на 11 октомври, 3 деца останаа сирачиња.
Според последните информации објавени од страна на азербејџанското Јавно обвинителство, досега во нападите изведени од страна на Ерменија животот го загубија 90 цивили, а стотици лица се ранети.