ЕРУСАЛИМ (AA) – Палестинското движење Хамас пред неколку дена соопшти дека израелската разузнавачка служба извршила атентат врз член на ова движење Мухамед Зевари од Тунис, авио инжињер кој работел на проектот на беспилотно летало наречено „Ебабил."
По тој повод новинар на Anadolu Agency направи анализа и листа на имиња на припадници на палестинското движење на кое е извршен атентат, како и за кое постои значителен број на докази и назнаки дека зад нив стои Мосад.
Иако Израел не прифаќа одговорност а повеќето од овие атентати, поголем број докази укажуваат дека зад нив сепак стои Мосад. Од почетокот на 70-те години наваму, агентите на Мосад неутрализираа голем број припадници на Хамас, и други палестински организации. За поголем број од нив се работи за палестински интелектуалци.
Гасан Канафани бил познат палестински писател и лидер на палестинскиот Народен фронт за слобода (FPLP). Смртно страдаше на 8 јуни 1972 година откако што е активирана експлозивна направа поставена во неговиот автомобил во Бејрут.
Махмуд Хемшери бил претставник на Палестинската ослободителна организација (PLO) во Париз, а убиен е на 8 декември 1972 во бомбашки напад во Франција.
Во бомбашки напад во Никозија на 24 јануари 1973 година убиен е и претставникот на Движењето Фатах за Кипар, Хусеин Ал Бешир. Тој е убиен така што е активиран експлозив претходно поставен во хотелската соба во којашто престојувал.
Во акцијата на одделот кој делува при Мосад, која е спроведена на 10 април 1973 година убиени се исто така и командантот Фатаха Мухамед Наџар, член на Централниот комитет на движењето Кемал Адван и гласноговорникот Кемал Насир.
Во Бејрут на 22 јануари 1979 година, исто така во бомбашки напад, убиен е и Хасан Селамет, едно од водечките имиња на Движењето Фатах.
Халил Ал-Везир бил втор човек на Движењето Фатах, а убен е во својот дом во Тунис, на 16 април 1988 година.
Според израелските извори, 24 луѓе на Мосад со чамци стасале до брегот на Тунис, влегле во станот на Ал-Везир и го убиле. Погребан е во Дамаск.
Уште еден член на Движењето Фатах и припадникот на ПСО Атиф Бесису убен е на 8 јуни 1992 година во главниот град на Франција. Фатах за убиството на Бесису за одговорен го смета Мосад, додека од друга страна, Израел Бесису го обвини дека учествувал во киднапување и убиство на израелските спортисти во текот на Олимпијадата во Минхен 1972 година.
Оснивачот и генералниот секретар на палестинското Движење на исламскиот џихад Фетхи Шикаки бил жртва на атентатот изведен на Малта, каде допатувал по тајната посета на Либија во октомври 1995 година.
Израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот" на 8 јануари 2007 година објавил делови од книгата „Точка од која нема враќање", чиј е автор израелскиот новинар Ронен Бергман. Во тој натпис се наведува дека за убиството на Шикаки е одговорен Мосад.
- Халид Мешал, најголемиот неуспех на Мосад -
Имено, десет агенти на Мосад на 25 септември 1997 година со лажни канадски пасоши допатувале во Јордан, според директива на премиерот Бењамин Нетањаху. Тие го следеле Мешал низ улицата Васиф Тел во Аман и му пришле зад грб и се обиделе да го убијат со вбризгување на инекција со отров.
Јорданските функционери бргу се информирани за обидот за атентатот и успеале да уапсат двајца агенти на Мосад, а Мешал е префрлен во болница.
Тогашниот јордански крал Хусеин бил Талал од Нетањаху побарал противотров, на основа на што е спасен Мешал.
Тогаш Јордан освен противотров за Мешал, за ослободување на израелските агенти побарал и Израел да го ослободи лидерот на Хамас Ахмед Јасин, кој во оваа земја служел доживотна казна, што и се случило.
Исто така, во главниот град на Сирија Дамаск, на 26 септември 2004 година убиен е Изедин Ес-Шејх Халил, едно од водечките имиња на Хамас. Функционеите на Хамас тогаш за убиство на Халил за одговорен го прогласиле Израел.
Сириското министерство за внатрешни работи соопшти дека Халил загинал како последица на активирање на експлозивна направа, поставена на седиштето на неговиот автомобил.
Дека зад овој атентат се криеше Израел, тогаш потврди и израелската телевизија Канал2, повикувајќи се на безбедносни извори во оваа земја.
Хамас и неговото воено крило Ал-Касам тогаш дадоа збор дека ќе го осветат Халил.
Махмуд Мебхух бил командант на бригадата Изедин ал-Касам, инаку оружено крило на Хамас. Израел го обвинуваше дека во текот на Првата интифада, која започна 1987 година, киднапирал и двајца израелски војници, како и дека од Иран криумчарел оружје во Газа.
Мебхух на 19 јануари 2010 година е пронајден мртов во хотелска соба во Дубаи, а начинот на егзекуција по многу работи укажуваше дека убиството е дело на агентите на Мосад.
- Израелските медиуми Мосад го прогласија за виновен за атентатите
Откако полицијата во Дубаи соопшти дека Мебхун е убиен, дојде до влошување на односите помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати. Полицијата во текот на истрагата пронајде пасоши и други документи на сомнителни лица од Европа, а формирана е и комисија за истрага за ова убиство.
Изрелската телевизија Канал2, пет години по убиството на Мебхун објави краток филм кој исто така покажува дека зад убиството стои Мосад. Имено, во филмот се наведува дека агентите на Мосад со помош на специјалната комуникациска мрежа во Виена, извеле операција која траела 22 минути, како и дека на Бехбух му убризгале смртоносна инекција.
Меѓу ликвидираните исто така се наоѓа и Омер Нејеф, од Палестинскиот ослободителен фронт, кој е ликвидиран на 26 февруари 2016 година, во амбасадата на Палестина во Бугарија.
Нејеф 1986 година е уапсен по тврдењата на израелските војници дека убил еден државјанин на Израел. Осуден е на казна доживотен затвор, но 1990 година успеал да избега во Бугарија.
Мухамед Зевари е убиен на 15 декември оваа година во тунискиот град Сафаксу, откако неговиот стан го нападнале сѐ уште непознати оружени лица. Хамас се огласил по нападот и одговорен за убиство го прогласил Мосад.