Sinan Uslu
23 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат" извршени се воздушни напади во Ел Баб, при што е уништено седиштето на ДЕАШ, а неутрализирани се и 18 терористи меѓу кои и таканаречени високи водачи на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија излезе со соопштение во врска со операцијата „Штитот на Еуфрат".
Според ова соопштение, врз основа на добиените разузнавачки информации, синоќа за време на состанок на група терористи од ДЕАШ, меѓу кои се наоѓале и т.н високи водачи на ДЕАШ, била спроведена воздушна операција од страна на турските воздушните сили, врз градот Ел Баб кој е опколен од Слободната сириска армија.
По спроведената операција, седиштето каде бил состанокот е уништено, а 18 терористи се неутрализирани. По успешната интервенција, авионите безбедно се вратија во своите воени бази.
По оваа воздушна операција од разговорите меѓу терористите преку радио станица се забележува дека ДЕАШ има загубено многу членство, како и дека има голем број на мртви и ранети.
Елементите на турските вооружени сили во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат" која продолжува во подрачјето и покрај лошите временски услови, ја дава сета своја поддршка и од воздух и од копно на силите на Умерената сириска опозиција.
- Споделени се видео записи од операцијата
Од друга страна од генералштабот споделија видео записи од спроведената воздушна операција во Ел Баб.
Објавено е дека по деликатно одредување на целите, еден по еден се уништени постоечките елементи на терористичката организација ДЕАШ во Ел Баб.
Исто така објавено е дека, во рамките на оваа операција „Штитот на Еуфрат", направен е сензитивен разузнавачко испитување за да не им се нанесе штета на цивили, односно зградите и засолништата кои требало да бидат гаѓани, претходно биле потврдеи од неколку различни точки, по што истите биле нападнати со ’паметна муниција’.