Elvir Hocic
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Нијагарините водопади, настанати пред 125 века, денес ја претставуваат границата меѓу САД и Канада, и се една од петте најатрактивни туристички дестинации во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за два водопади кои го делат островот и кои со стрмен пад од околу 55 метри создаваат спектакуларна магловита завеса од водена прашина и пена.
Нијагара во превод значи „вода што грми“, а тоа индијански назив апсолутно одговара на бучавата којашто ја создаваат водопадите во понорот на истоимената река во близина на езерото Онтарио.
Островот Гоат на работ на каскадата реката ја дели на два дела, од кои оној на американскиот брег преминува во водопад во права линија широка околу 300 метри, а на канадскиот брег во двапати поширок водопад Потковица.
Од сите позиции водопадите изгледаат прекрасно, но во последно време туристите во нив обично уживаат од чамците или од видиковецот. Повеќето се согласуваат дека погледот од канадскиот брег нуди поубаво доживување.