Ömer Yetkin Acar
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
САО ПАОЛО (АА) - Претседателот на Бразил, Мишел Темер, соопшти дека аудио снимките кои предизвикале покренување на истрага против него се лажни, и истакна дека поднел барање до федералниот Врховен суд за прекин на истрагата, јавува Anadolu Agency (AA).
Темер на прес-конференцијата истакна дека јасно се гледа оти овие тајни снимки се менувани со скриени цели, и пренесе дека нема да се повлече од претседателската функција.
Откако во медиумите се појави изјавата на Џосли Батиста, еден од сопствениците на групацијата JBS, една од најголемите производители на храна за животни во светот, дадена во обвинителството, Врховниот суд одобри започнување на истрага за корупција против Темер.
Tемер го нарече Батиста лажливец и ги отфрли обвинувањата.
„Она што го кажал во неговата изјава (за обвинителството), не постои на аудио-снимките. Она што е во аудио-снимките покажува дека тој не е задоволен од мојата влада. Јасно се гледа неуспехот на оваа акција. Обвинувањата за пасивна корупција не се потврдени“, истакна Темер.
Темер упати критики кон Батиста дека „слободно и опуштено се шета по улиците на Њујорк“, и додаде: „Бразил кој сѐ уште излегува од најсериозната економска криза во историјата, моментално живее во неизвесност. Тој, ниту еден ден не помина во затвор, не е уапсен, не е осуден, не е казнет. Стори едно совршено кривично дело благодарение на оваа лажна и манипулативна аудио-снимка“.
Претседателот Темер тврди дека Батиста шпекулирал со националната парична единица и дека аудио-снимките на коишто е снимен неговиот разговор со еден бизнисмен, протекле од страна на луѓе поврзани со JBS.
Исто така, Темер соопшти дека во четвртокот, пред снимките да се презентираат јавно, на пазарот е направенo купување во вредност од милијарда долари, и рече: „Знаеше дека ова ќе предизвика хаос во девизите (странската валута)“.
„Знаејќи дека ова откривање ќе ги намали акциите на компанијата, тој ги продаде пред нивниот пад на берзата. Овие не се мои зборови. Овие факти се веќе утврдени од страна на Институтит за капитален пазар“ истакна Темер, и додаде дека компанијата JBS заработила милиони долари на девизниот пазар за помалку од 24 часа.
Федералниот врховен суд вчера дозволи да се започне истрага против Темер и поранешниот претседателски кандидат, а воедно и поранешен сенатор, Аешио Невес, за пасивна корупција и опструкција на правдата.
„Јасно се гледа како покрај ostanatite лица, Аешио Невес и претседателот Мишел Темер се обидоа да го спречат спроведувањето на истрагата за корупција со поставување на делегати“, истакна главниот јавен обвинител, Родриго Ханот, на прес-конференцијата во врска со започнатата истрага на негово барање.