Ekipa
02 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ВЕЛИНГТОН (АА) – На Дејвид Бејн (44) од Нов Зеланд, тамошната Влада ќе му исплати повеќе од половина милион долари бидејќи невин во затвор поминал 12 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бејн првенствено е прогласен за виновен за убиство на пет члена на неговото семејство, а по повеќе од една деценија беше утврдено дека не е виновен.
Министерката за правда, Еми Адамс изјави дека исплатата од 664.000 американски долари на Бејн не преставува компензација, туку еден вид награда на затвореникот бидејќи не умеел да ја докаже својата невиност, иако бил обвинет за пет убиства.
Како што истакна министерката, парите го претставуваат времето што Бејн го минал в затвор во текот на 12 години.
„Станува збор за еден од најкомплицираните судски случаи во земјата”, изјави Адамс, додавајќи дека Бејн ја прифатил исплатата како полноправно и конечно решение.
Целиот случај започна во 1994 година, која мајката, таткото и трите браќа и сестри на Бејн беа пронајдени мртви во заедничката куќа. Полицијата имаше двајца осомничени, Бејн и неговиот татко, Роберт Бејн за кого се верува дека извршил самоубиство.
Дејвид е осомничен за убиството во 1995 година, а 12 години подоцна судот ја укина пресудата и нареди започнување на нова постапка. Бејн е пушен со кауција во 2009 година и по тримесечното судење е ослободен од сите обвиненија.
Тој подоцна од властите побара компензација поради времето што го помина в затвор.