Safiye Karabacak
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
НАЏАФ (АА) - Најмалку шест полицајци загинаа, а 25 лица се повредени во самоубиствен бомбашки напад на контролен пункт во јужниот ирачки регион Наџаф, јавува Anadolu Agency (AA).
Паралелно со продолжението на жестоките судири кои ирачките сили ги водат против терористите на ДЕАШ во контекст на операцијата за ослободување на градот Мосул, контролниот пункт на ирачките сили во јужниот дел на земјата беше цел на бомбашки напад што се случи рано утринава.
Претставникот на градското собрание во Наџаф, Хусеин Вахид, за АА рече дека непознати напаѓачи извршиле напад на контролен пункт во југозападниот дел на населбата Кадисије.
Група оружени напаѓачи отвориле оган врз полицијата во Наџаф, а нападот со брзата реакција на ирачките сили е одбиен, по што тројца бомбаши-самоубијци активирале експлозив на нив.
Според првичните информации, во нападот загинале најмалку шест полицајци, а повредени се 25 лица.
Вчера, во центарот на Багдад, трговски центар беше цел на повеќе самоубиствени напади во кои животот го загубаија најмалку 24, а беа ранети 38 лица.