Hakan Ceyhan Aydoğan
18 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
МОСКВА (АА) - Додека другите новинари и репортери дигаа во воздух лаптопи, фотографии, шалови со цел да постават прашања во текот на годишното обраќање кон нацијата на рускиот претседател Владимир Путин, новинарката Елена Теслова во раката го држеше знамето на Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Оваа година обраќањето на рускиот претседател го следеа 1.390 новинари и репортери меѓу кои беше и Теслова.
Кога Путин ја забележа новинарката која мавташе турско знаме и предложи зборот да им се даде на турските новинари.
Теслова, која инаку е репортерка на АА од Москва, на рускиот претседател му постави прашања кои се однесуваат на Русија и Турција, положбата на турските државјани и стопанственици во Русија, како и на кризата во Сирија.
Теслова, која привлече големо внимание, по обраќањето на Путин на новинарите им кажа дека со истакнување на турското знаме сакала да го привлече вниманието на Путин.
„Имав неколку прашања за Путин, но морав, пред сè, да го привлечам неговото внимание. Работам за Anadolu Agency (АА), и бидејќи претставував турска агнеција го подигнав знамето на Турција“, рече новинарката.
Говорејќи за тензиите помеѓу Русија и Турција, Теслова истакна дека се надева дека односите помеѓу двете земји набрзо ќе се поправат.
„Се надевам дека оваа криза ќе биде завршена што поскоро и дека односите на двете земји ќе се поправат. Турците и Русите се два народа кои со векови живеат како соседи. Во последните години односите на двете земји многу се развија“, рече Теслова истакнувајќи го уверувањето дека ништо не може да го расипе турско-руското пријателство.