Ercan Canbolat
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Градските власти на Берлин соопштија дека оваа година нема да биде отворен новиот аеродром „Бранденбург“ во Берлин, кој првично требаше да се отвори во 2011 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Изградба на аеродромот „Бранденбург“ започна во 2006 година и првично беше планирано да биде отворен пет години подоцна.
Денес градоначалникот на Берлин, Мајкл Мулер, и директорот на аеродромот Бранденбург, Карстен Мухленфелд соопштија дека тој инфраструктурен комплекс нема да биде завршен ни во 2017 година.
Ова е петто одложување на отворањето на новиот аеродром во Берлин.
Последната инспекција утврди проблем и недостаток во противпожарниот систем на новиот аеродром. Наложено е да се постават нови инсталации во целиот комплекс.
Градоначалникот Милер по овој повод вети дека новиот аеродром во Берлин ќе се отвори во 2018 година.
Во изградбата на аеродромот во Берлин досега се инвестирани 6,5 милијарди евра, а се проценува дека поради доцнењето на отворањето секој месец се бележи загуба од 17 милиони евра.
Во Берлин во моментов се активни два аеродрома, „Шенефелд“ и „Тегел“, а како резултат на недоволниот капацитет се наметна потребата за уште еден таков инфраструктурен проект.