Ekip
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ЏАКАРТА (АА) - По уште една недела, вo која имаше преписки помеѓу американските медиуми и американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот претходник, Барак Обама во Џакарта се осврна на медиумите со цел да ги пренасочи циклусот дневни вести, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во саботата го дочекаа илјадници луѓе во Џакарта, каде што тој има поминато дел од своето детство и каде што одржа предавање на Индонезискиот конгрес на дијаспората.
„Во денешните медиуми, знаете, има новинари кои се тука секој ден. Анкетите на Обама денеска се лоши, или денеска не гласал, или денеска се случи нешто страшно. Сепак, јас не бев загрижен за тоа што пишува во весниците. Тоа што ме загрижуваше е што ќе се пишува за мене за 20 години, кога ќе погледнам назад", рече Обама меѓу другото.
Поранешниот американски претседател е на одмор со своето семејство во Индонезија, каде што има поминато дел од детството.