Ekipa
14 Март 2019•Ажурирај: 16 Март 2019
ИДЛИБ (АА) - На подрачјето на сириски Идлиб, руски авион бомбардирал затвор од кој потоа избегале осуденици. Еден дел од затворениците во бегство се припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите добиени од доверливи локални извори, се дознава дека синоќа руски воен авион го бомбардирал затворот во градот Идлиб, при што е оштетен еден дел од него.
По нападот, од затворот избегале осудениците кои во него се наоѓале поради грабеж, киднапирање и други кривични дела, а меѓу нив имало и голем број припадници на ДЕАШ.
Покрај другите осуденици, во затворот се наоѓале и припадници на ДЕАШ кои биле приведени по рациите на ќелиите организирани по домовите и лицата кои биле одговорни за голем број бомбашки напади во градот.
Вооружената опозиција во Идлиб и вооружените групи против сирискиот режим започнаа операции за фаќање на осудениците во бегство. Во исто време, зголемени се безбедносните мерки на контролните пунктови во областа.
Се дознава дека дел од затворениците се фатени со помош на цивилите.
Опозицискиот Центар за набљудување соопшти „Руски авиони од типот SU 34 кои полетуваат од воздухопловната база „Химејмим“, изведуваат напади на целата територија на Идлиб.“