Muhammed Emin Canik
29 Март 2024•Ажурирај: 01 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека 171 нивни вработен загинале во Појасот Газа, каде што израелската Армија продолжува со нападите веќе шест месеци, јавува Анадолу.
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) соопшти дека 171 нејзин вработен биле убиени во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), две третини од болниците во Газа не работат, а и покрај хуманитарната криза и гладот во Појасот Газа, нема значителна промена во количината на хуманитарна помош испорачана на регионот.
Соопштено е дека во Газа во периодот од 1 до 27 март во просек влегле 159 камиони хуманитарна помош преку граничните премини Керем Абу Салим и Рафа.
Констатирано е дека оваа бројка е под капацитетот и дека целта е дневно да влегуваат околу 500 камиони со помош.
Беше објавено дека израелските сили продолжиле со воздушните напади врз градот Рафа, каде што живеат голем број раселени Палестинци.