Davut Çolak
04 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
КОПЕНХАГЕН (АА) - Се тврди дека околу 100 жени војници во Данска биле изложени на сексуално вознемирување во данската војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на истакнатиот дански весник „Политикен“ (Politiken), Здружението на жени ветерани соопшти дека во последните две години добило пријави од околу 100 жени дека биле изложени на сексуално вознемирување во Вооружените сили на Данска.
Од ова Здружение истакнаа дека жените војници кои поднеле пријава до нив, рекле дека биле изложени на непожелен контакт и понижувачки изрази кои содржеле сексуално вознемирување и тврделе дека во еден случај имало и обид за силување.
Во соопштението на Вооружените сили на Данска се наведува дека информациите кои ги добиле, не се совпаѓаат со овие случаи за кои се вели дека биле повеќе на број, но се истакнува дека се подготвени да водат истрага во врска со овој проблем.
Воените извори во изјавата за овој весник нагласија дека се испитуваат 9 пријави во врска со случаи на сексуално вознемирување во војската во 2018 година.