Hasan Tosun
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
ВИЕНА (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, испрати порака за верификување на Договорот од страна на САД, Кина, Израел, Иран, Северна Кореја, Египет, Индија и Пакистан, земји кои сè уште го немаат потпишано Договорот за забрана на нуклеарни проби, јавува Anadolu Agency (AA).
Генереалниот секретар Бан Ки-мун во Канцеларијата на ОН во Виена организираше панел по повод 20-годишнината од Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби. Бан истакна дека сака да му се стави крај на „лудилото” на нуклеарни проби и затоа е потребно потпишување и одобрување на „Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби" (CTBT) од страна на сите држави.
Бан спомнувајќи дека значењето на неговото име значи „забрана” рече „моето име е Бан. Користејќи го името ќе ги забранам сите нукларни проби."
Бан истакна дека забраната за нуклеарни проби е одговорност на сите земји и ниту една земја не може да ја избегне оваа одговорност.
- Нуклеарните проби ја загадуваат водата -
Бан потсети дека за да може забраната на нуклеарни проби да биде правно обврзувачка, потребно е договорот да стапи на сила.
Извршени се над 2.000 нуклеарни проби и тие во голема мера и штетат на природата, истакна Бан и додаде: „Нуклеарните проби ја трујат водата, причина се за рак, а радијацијата има штетни последици по околината и идните генерации."
Запирањето и забраната за нуклеарни проби е жртва која претствува најголем подарок за светот, изјави Бан и рече дека е потребно да се запре со ова лудило.
Бан е задоволен од ставот за забрана на нуклерните проби, но дека никогаш нема да има правна обврска додека и останатите осум земји не го потпишат и одобрат „Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби" и додаде: „Повторно ги повикувам осуммте земји без натамошни одложувања да го потпишат и одобрат договорот. Тие имаат особена одговорност за спроведување на договорот. Овие земји можат да не втурнат во свет со нуклеарни орудија".
Комисијата за подготовка на Организацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби (CTBTO) со средиште во Виена, од 19-ти ноември 1996 година покажува најразлични активности во спроведувањето на „Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби". CTBT за да може да го спроведе договорот бара сите држави да го потпишат овој договор. Досега договорот е потпишан од страна на 183 земји, а 164 го одобрија. По потпишувањето и одобрувањето на договорот од страна на САД, Кина, Израел, Иран, Северна Кореја, Египет, Индија и Пакистан истиот ќе стапи во важност.
Според информациите на Комисијата за подготовка на организацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби (CTBTO), од 1945 година до денес извршени се 2.054 нуклеарни проби. Нуклеарни проби вршеле сите земји кои имаат нуклеарни бомби, од нив најголем број проби биле извршени од старна на САД и Русија.