Fatih Erel
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Стефан Де Мистура, претставникот на ОН за Сирија, денес апелираше до САД и Русија да преземат иницијатива за прекинување на војната во Сирија. Тој нагласи дека примирјето е во голема опасност и дека во секој момент може договорот да пропадне, како и дека јасно се гледа дека насилството е продолжено при што на секои 25 минути животот го губи по еден Сириец, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи во седиштето на ОН во Женева, по новиот круг на сириските мировни преговори, Мистура нагласи:
„Не можеме да го игнорираме фактот дека за време на разговорот имавме низа на инциденти на теренот. Пред неколку часа се случи напад во болницата на Алепо. Во изминатите 48 часа во просек на секои 25 минути животот го губеше по еден Сириец, додека на секои 13 минути беше ранет. До крајот на јули ќе имаме уште еден или два круга на преговори. Мојот план е наредниот круг на преговори да го започнам во мај".
Значи, јасно е дека следниот круг на преговори би требал да биде наредниот месец, но Мисутра не прецизираше датум.
„Прекинот на непријателството сè уште е во голема опасност и перцепција е дека се би можело да пропадне во било кој момент. Следниот круг на преговори ќе се одржи сигурно, но тие би имале смисла само доколку нивото на почитување на примирјето се врати на ниво кое го имавме во февруари и март. Апелирам до САД и Русија да започнат итна иницијатива на највисоко ниво", порача тој.
Мистура повика и на нов состанок на Меѓународната група за поддршка на Сирија (ISSG) на министерско ниво од најголеми до регионални сили, со цел да се одржи примирјето, процесот на политичка транзиција и хуманитарни напори.
„ 'ISSG' во која се САД, Русија, ЕУ, Турција, Иран и арапските земји, мора итно да се состанат со цел да ги намалат тензиите во Сирија. Преодната влада на Сирија треба да вклучува членови на сегашната влада, опозициите, независните министери и други", смета Мистура.
Претставникот на ОН за Сирија, процени дека бројот на жртвите на петгодишниот сириски судир е околу 400.000 луѓе.