Ekip
30 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
САНА
Вкупно 562 деца регрутирани од јеменските бунтовници Хуси минатата година се убиени во борбите во Јемен, кој е разорен од војната, се наведува во извештајот на Обединетите нации (ОН), известува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот што го подготвија експертите на ОН се наведува дека 562 деца на возраст од 10 до 17 години загинале на боиштето во периодот од јануари до мај 2021.
„Во еден камп деца од 7 години учеа да чистат оружје и да избегнуваат ракети“, наведоа експертите во извештајот што во саботата е поднесен до Советот за безбедност на ОН.
Во извештајот се додава дека во 2020 година на боиштето се убиени 1.406 деца регрутирани од Хусите.
Експертите на ОН ги обвинија сите страни во јеменскиот судир за кршење на меѓународното право, поради слабиот правосуден систем.
Јеменските бунтовници Хуси не го коментираа извештајот.
Јемен е место на конфликти и насилство од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хуси ја презеде контролата над поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Во Јемен во тек е една од најголемите хуманитарни кризи на светот создадена од луѓето. Во оваа земја околу 80 % или приближно 30 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош и заштита, додека на над 13 милиони жители им се заканува глад.