Ali Murat Alhas
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ХАТАЈ
Обединетите нации (ОН) денеска испратија 85 камиони со хуманитарна помош во северозападната сириска покраина Идлиб, јавува Агенција Анадолија (AA).
Камионите влегоа во Сирија преку граничниот премин во турската јужна област Хатај.
Откако режимот на Асад, Русија и Иран започнаа со напади во ноември 2019 година, околу 360.000 лица го напуштија Идлиб и се засолнија во близина на турската граница. Ним во моментот им е потребна итна хуманитарна помош.
Во септември 2018 година Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која актите на агресија се забранети.
Оттогаш, повеќе од 1.300 цивили се убиени во нападите од страна на режимот и руските сили во деескалациската зона, при што прекинот на огнот продолжува да биде прекршен.
Повеќе од милион Сиријци се преселија во близина на турската граница како последица на интензивните напади во текот на минатата година.
Според Националната коалиција за сириски револуционерни и опозициски сили, во покраината Идлиб живеат околу 3 милиони цивили, од кои 75 отсто од нив се жени и деца.
По избивањето на крвавата граѓанска војна во Сирија во 2011 година, Турција прими 3,7 милиони Сиријци кои избегаа од својата земја, со што Турција е прва земја во светот која е домаќин на бегалците.
Анкара досега потроши 40 милијарди американски долари за бегалците, според официјалните бројки.