Erbil Başay
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
БЕРЛИН
Германија соопшти дека еден дел од своите воени трупи ги повлекува надвор од Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според германската новинска агенција (ДПА), германската министерка за одбрана, Анегрит Крамп-Каренбауер и министерот за надворешни работи, Хајко Мас, во писмото напишано до членовите на релевантните комисии во Бундестагот истакнаа дека еден дел од своите воени трупи го повлекуваат надвор од Ирак.
Во писмото се наведува дека особено ќе се намали бројот на трупите во Багдад и Таџи, и се додава: „Војниците што служат тука, со текот на времето ќе бидат пренесени во Јордан и Кувајт.“
Исто така, во писмото се наведува дека овие трупи ќе се вратат во Ирак кога повторно ќе продолжи образованието.
„Во принцип, германската Влада е подготвена да ја продолжи задачата во Ирак“, се вели во писмото и се додава дека разговорите за ирачката Влада за продолжување на активностите за обука на ирачките војници е во тек.
Во писмото се вели дека одлуката на ирачката Влада ќе се почитува.
Според магазинот „Шпигел“, 32 германски војници од северен Багдад синоќа биле пренесени во Јордан.
Од друга страна, министерот за надворешни работи на Германија, Мас, во изјавата за германскиот телевизиски канал ЗДФ рече дека ако меѓународните сили го напуштат Ирак, би завршила борбата против терористичката организација ДЕАШ и организацијата веројатно повторно ќе зајакне.
Мас, предупредувајќи дека зајакнувањето на терористичката организација ќе доведе до дестабилизација на Ирак, наведе дека коалицијата против ДЕАШ мора брзо да се собере и да одлучи како ќе дејствува.
Германија во рамките на коалицијата против ДЕАШ ги обучува силите на Пешмерге во Ирак и на ирачките војници. Во Ирак има околу 130 германски војници.