Sefa Şahin
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
АНКАРА
Во зоната каде се реализира турската операција Канџа-Тигар, со поддршка на вооружени беспилотни летала (СИХА) неутрализирани се 3 терористи на терористичката организација ПКК кои се криеле во оваа зона, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ка потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Се вели дека командосите продолжуваат со уништување на терористичките гнезда во зоната каде се реализира операцијата Канџа-Тигар.
„Нашите командоси кои влегуваат во секоја пештера, открија уште тројца терористи на ПКК кои се криеле во оваа зона, и ги нетурализираа нив со поддршка на нашите СИХА“, се додава во ова соопштение.