Muhammed Emin Canik,Nuri Aydın
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 631 лице, во Индија 500 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 631 лице, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 72.100 лицa.
Во Бразил дијагностицирани се уште 24.831 случај со Ковид-19, со што вкупниот број на досега заразени порасна на 1.864.681.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.123.204.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е познат по својот потценувачки став кон пандемијата, соопшти дека е заразен со новиот тип коронавирус.
Институтот за статистика на Бразил претходно објави дека во мај биле регистрирани 4,2 милиони лица кои го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, симптоми слични на коронавирусот.
- Во Индија од Ковид-19 починаа 23.174 лица -
Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие се регистрирани 500 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од коронавирусот во земјата се искачи на 23.174.
Во последните 24 часа дијагностицирани се 28.701 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 878.245.
Во Индија досега оздравеа 554.429 заразени со коронавирусот.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е трета земја во светот според бројот на лица позитивни на коронавирусот.