Sena Güler
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
АНКАРА (AA) – Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа денеска најмалку 26 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во текот на операцијата Маслинова гранка во Африн на северозападот на Сирија. Од турската војска соопштија и дека во сабота во текот на операцијата загинале пет војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на Војската на Турција наведуваат дека се повредени девет турски војници.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51. од договорот на ОН, односно правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режинот на Асад во јули 2012 година без борба на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и Европската унија. ПКК уште од средината на 80-тите години на минатиот век води терористичка кампања против Турција.