Sefa Şahin
26 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - За време на операцијата „Маслинова гранка" во сирискиот Aфрин неутрализирани се најмалку 343 членови на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од турскиот Генералштаб се наведува дека операцијата „Маслинова гранка" во Африн се одвива според предвидениот план.
„Во воздушните напади беа уништени 23 цели кои членовите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ ги користеа како засолништа и магацини на оружје и муниција. Тринаесетте авиони кои беа вклучени во операцијата безбедно слетаа во воздухопловната база", истакнаа од турскиот Генералштаб.
Операцијата, во која учествуваат и припадниците на Слободната сириска армија (FSA), беше покрената во саботата со цел да се воспостави безбедност во пограничната зона, неутрализирање на терористички елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободувањето на територијата окупирана од страна на терористите и поддршка на луѓето во оваа област.