Fuat Kabakçı
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
СЕУЛ (АА) - Најмалку 41 лице загинаа, а 70 се повредени во пожарот кој избувна во една болница во Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот избувна во 7:30 часот по локално време, во болницата „Сејонг“ во Мирјанг. Во пожарот загина 41 лице, претежно пациенти. Локалните медиуми наведуваат дека смртта кај лицата настапила најчесто поради гушење од дим.
Од 70-те повредени, 9 лица се во тешка здравствена состојба.
Пожарот, според првичните информации, избувнал на првиот кат од болницата, а противпожарните екипи два часа се бореле со огнената стихија.
Повеќе од 200 лица, претежно пациенти се евакуирани во околните болници. Постои загриженост дека би можел да се зголеми бројот на загинати.
Болницата „Сејонг“ се наоѓа на 380 километри од Сеул.
Во пожарот кој избувна во еден спортски центар во декември минатата година, животот го загубија 21 лице, додека 40 лица беа повредени.