Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Adham Kako,Levent Tok,Ömer Koparan
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
АФРИН / АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија (ССА), ослободуја 8 села и две стратешки точки во околината на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Дописникот на АА кој се наоѓа на терен информираше дека ТСК и ССА од рацете на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ги ослободиле селата Ѓоз, Јукари Кафердел, Маратах и Шадир во подрачјето градот Африн, југозападно од градот, селата Чолаган и Куран во подрачјето на Џиндерес, на северот, во подрачјето на Булбул, селото Кори Гул и во подрачјето на Мабатли, селото Шатијан.
Во операцијата од терористите се расистени и ридовите со коти 684 и 717.
ТСК и ССА во рамките на операцијата досега ослободија вкупно 229 стратешки позиции, од кои 190 села и 39 стратешки точки.
Областа Африн е составена од центарот на градот и шест подрачја: Раџу, Булбул, Шејх Хадид, Џиндерес, Шеран и Мабатла. Сите се под контрола на ТСК и ССА, освен подрачјето Мабатла.
Одбранбените позиции и линии на ЈПГ/ПКК се наоѓаат во центарот на областа Африн. Терористичката организација, со цел цивилите да ги користи како човечки штит, населението со присила го пренасочува кон центарот на градот и не му дозволуваат на арапското и курдско население да замине од центарот во подрачјата кои се под контрола на режимот на Башар ал-Асад или подрачјата контролирани од вооружената опозиција. Задржувањето на цивилите што го прават терористите предизвика големи реакции од страна на Обединетите нации (ОН).