Ekip
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер Бруно Ле Маир, изјави дека ќе покрене правна постапка против „Apple“ и „Google“, поради злоупотрба на деловна пракса, што би можело да доведе до парични казни од неколку милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи денес за француските медиуми, Ле Маир ги обвини „Apple“ и „Google“, дека имаат намера да воведат тарифи за програмерите, кои сакаат да ги продадат своите апликации на интернетските гиганти. Тој нагласи дека е неприфатливно двете компании да можат да собираат податоци од програмери и еднострано да го изменат Договорот.
Ле Маир изјави дека ќе поднесе тужба во Стопанскиот суд во Париз, бидејќи смета дека „Apple“ и „Google“, колку и да се силни, не би требало да ги третираат нивните старт-ап компании и програмери на начин на кој тоа го прават денес.