Vesna Besiç
11 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Техничкиот претседател на Владата на Република Хрватска, Тихомир Орешковиќ, гласаше денеска во Загреб, изразувајќи надеж дека голем број граѓани ќе излезат на изборите, и дека новата влада ќе биде стабилна, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој, исто така, изрази надеж дека што поголем број луѓе ќе го искористат овој ден, ќе се излезат на изборите и ќе го дадат својот глас.
„Барем се надевам дека гласачите ќе бидат во поголем број отколку на минатите избори. Исто така, се надевам дека новата Влада ќе биде формирана што е можно поскоро. Мислам дека ќе биде добра година за Хрватска, ако ги погледнеме макроекономските индикатори, но без овие реформи нема да бидеме успешни на долгорочен план”, рече Орешковиќ.
То додаде: „Утре е нов ден. Утре, или кога ќе се формира новата Влада, тука не треба да се биде храбар, тука се потребни тие реформи и одредени тешки одлуки”, рече Орешковиќ.
Тој додаде дека се чувствува одлично. Орешковиќ за крај изрази надеж дека ќе има стабилна влада, бидејќи тоа е клучот, сепак, додаде дека тоа времето ќе го покаже.