Stipe Mayiç
08 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (АА) - И покрај меѓусебните барања за оповикување на премиерот Тихомир Орешковиќ и претседателот Божо Петров од ХДЗ и потпретседателот на Владата Томислав Карамарко од Мост, односно барањата за негова оставка од страна на премиерот Орешковиќ, денешната седница на хрватската Влада во Банските дворови започна со вообичаено прифаќање на дневниот ред во присуство на сите министри, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имаме долга седница и многу работа. Одиме да работиме”, порача премиерот Тихомир Орешковиќ на самиот почеток на седницата на Владата на чиј дневен ред се наоѓа 31 точка
И покрај меѓусебните барања за оповикување, премиерот Тихомир Орешковиќ и првиот потпретседател на Владата, Томислав Карамарко, се поздравија со насмевка, но Божо Петров седеше настрана, без интензивна комуникација со двајцата.
Меѓу најважните точки на владата беше одлуката за потпора на изградба на првата фаза на ЛНГ терминалот, односно изградбата на терминал за складирање и вплинување на течен природен гас на островот Крк.
Синоќа се состана Националниот совет на Мост и донесе одлуки кои денес по седницата на Владата на Божо Петров, се очекува да бидат претставени на јавноста, и тоа во седиштето на својата партија.
Барањето за оповикување на Томислав Карамарко, но и барањето за оповикување на Тихомир Орешковиќ овие денови ќе се најдат на дневен ред на Саборот, но со кој редослед не е познато.