Ekip?
12 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
АРУ (АА) - Најмалку осуммина стражари се убиени во оружен напад во затворот „Кангбаји“ во источниот дел на Демократска Република Конго, а од затворот избегале 935 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицаецот Дени Кисунг за АА соопшти дека голема група вооружени лица вчера извршиле напад врз затворот во местото Бени, во регионот Северен Киву.
„Напаѓачите убија осуммина чувари и овозможија масовно бегство на затворениците. Најмалку 935 затвореници избегаа, а војската и полицијата започнаа потера по напаѓачите и по избеганите затвореници“, рече Кисунг.
Повеќето од затворениците во затворот што беше цел на вчерашниот напад се осудени членови на милитантното движење АДФ и на движењето Маи-Маи, кои се познати по честите грабежи, силувања и други сериозни кривични дела.
Гувернерот на регионот Северен Киву, Џулиен Плауку, прогласи вонредна состојба во регионот каде што се одвива воената и полициската потера по бегалците.