Emre Gürkan Abay
18 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
МОСКВА (АА) - Најмалку четири лица се убиени, а четири ранети во оружениот напад што се случи денеска во руската Република Дагестан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на изјавите на официјалните полициски претставници, руската новинска агенција „РИА Новости“ јавува дека оружен напаѓач отворил оган врз маса луѓе во центарот на дагенстанскиот град Кизљар.
Истиот извор јавува дека полицијата го убила неидентификуваниот напаѓач.
Цел на напади беа учесниците на прошетката, организирана во рамките на прославата на рускиот народен празник Масленица, со кој традиционално се испраќа зимата и се дочекува пролетта.
Истрагата е во тек, а досега нема информации за можниот мотив на напаѓачот.