Elena Teslova
28 Септември 2024•Ажурирај: 29 Септември 2024
МОСКВА (АА) – Во експлозија на бензинска пумпа во градот Махачкала, административен центар на рускиот регион Дагестан, загинаа 13 лица, соопшти денес руското Министерство за вонредни состојби, пренесува Анадолу.
„Под урнатините е пронајдено уште едно починато лице“, се истакнува во соопштението на Министерството.
Руското Министерство за вонредни состојби денес соопшти дека меѓу жртвите има и две деца.
Се додава дека за расчистување на урнатините се користи специјална опрема, и дека пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат.
По експлозијата, Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка за можно прекршување на безбедносните правила.
Дагестанските власти го прогласија 28 септември за ден на жалост во чест на луѓето кои загинаа во експлозијата.