Mehmet Nuri Uçar
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Пуштен е на слобода лидерот на Палестинското исламско движење 1948, Раид Салах, кој беше уапсен пред девет месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на Салах, Халид Зебарика, за АА изјави дека Управата на израелскиот затвор официјално потврдила дека Раид Салах е пуштен на слобода.
Исто така, тој додаде дека не е познато каде моментално се наоѓа Салах.
„Во моментот чекаме пред затворот ‘Римон’. Но, можно е претходно да е преместен во друг затвор, а потоа пуштен на слобода. Се обидуваме да добиеме информации од израелските официјални лица“, рече Зебарика.
Израелскиот суд на 18. април 2016 година го осуди шејхот Раид Салах на девет месеци затвор, бидејќи како што велат, поттикнувал омраза во своето обраќање во текот на петочната проповед пред девет години. Од мај минатата година, Салах бил сместен во самица во затворот „Бирус Себа“.