Ekipa
11 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
МОСКВА (АА) - Шефот на руската разузнавачка служба изјави дека осуммина припадници на терористичка ќелија се уапсени во врска со минатонеделниот крвав бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург, јавува Anadolu Agency (AA).
Тринаесет патници загинаа, а ранети се десетици во самоубиствениот бомбашки напад минатата недела во Санкт Петербург, втор по големина руски град. Бомбашот-самоубиец е идентификуван како Акбарзон Џалилов (22), руски државјанин роден во Киргистан.
Александер Бортников, шеф на Федералната служба за безбедност (ФСБ), која е наследник на КГБ, за руските медиуми денес изјави дека се притворени шестмина припадници на терористичка ќелија од Санкт Петерсбург и двајца од Москва.
Бортников додаде дека сите притворени се од Киргистан и дека полицијата во нивните домови пронашла голема количина оружје и муниција.