Halit Süleyman
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Силите на режимот во Сирија, ги интензивираат нападите во источниот дел на градот Алепо кој е под контроа на силите на опозицијата, при што се убиени 51 лице, додека бројот на ранети е 150, јавува Anadolu Agency (AA).
За АА зборуваше претставникот за печат на Цивилната заштита во Алепо, Ибраим Ебу Лејс, кој изјави: „Руските и режимските воени авиони, заедно со силите на Иран, Ирак и милицијата на Хезболах кои се од страна на режимот на Асад, извршија интензивно бомбардирање и гранатирање на источниот дел на градот”.
Лејс додаде дека во нападите се убиени 51 лице, од кои 25 во Баб Неџриб, 5 во Мујесер, 9 во Салихин, 6 во Енсари, 3 во Карм Бејк, по еден во Мерце, Иза и Салахадин, додека ранети се 150 лица.
„Сириските и руските воени авиони изведоа над 150 воздушни напади во источниот дел од градот. Иран, Ирак и милициите на Хезболах со повеќе од 1.200 гранати ги гранатираа населбите кои се под контрола на опозицијата. Поради интензивните бомбардирања имаме проблеми во пристапот до самото место”.
Со последните напади на режимот во источниот дел од Алепо, од 15. ноември досега, бројот на убиени цивили изнесува 694 лица.
- Хуманитарна криза на стотици илјади луѓе -
Градот Алепо се наоѓа во севериот дел на Сирија и е втор по големина град во земјата по главниот град Дамаск. Се наоѓа на оддалеченост од 40 километри од турската граница. Западниот дел на градот го контролира режимот, додека источниот дел е под контрола на опозицијата. Под опсада на режимот во источен Алепо се наоѓаат околу 300.000 цивили и според дирекцијата за здравство на Алепо, и не се во можност на народот во тој дел од градот повеќе од 96 дена да им испорачаат средства за основни човечки потреби.
Последните две недели, по воздушните напади во источниот дел од градот, сите болници и здравствени центри се надвор од употреба. Во градот работат само три пекари. Сите училишта во околината се затворени. Со последното напредување на силите на режимот, околу 300.000 цивили се заглавени на простор од 30 километри квадратни.
Асоцијацијата за Цивилна заштита на Алепо, пред два дена соопшти дека за две недели во источниот дел на Алепо се изведени 2.000 воздушни напади, 7.000 гранатирања, а повеќе од 600 цивили ги загубија своите животи, додека 2.000 цивили се ранети.