свет

Осумнаесет Израелци повредени додека бегале кон засолништата по сирените за проектил од Јемен

Според армијата, проектилот бил пресретнат пред да влезе во израелскиот воздушен простор, при што алармните сирени се огласиле низ централните области на земјата, вклучително и метрополската област Тел Авив

Ikrame Imane Kouachi  | 27.12.2024 - Обновена : 27.12.2024
Осумнаесет Израелци повредени додека бегале кон засолништата по сирените за проектил од Јемен

САНА (АА) - Најмалку 18 Израелци се повредени рано утринава додека бегале кон засолништата во Тел Авив по лансирањето проектил од Јемен, за кој израелската армија тврди дека го пресретнала, јавува Анадолу.

Според армијата, проектилот бил пресретнат пред да влезе во израелскиот воздушен простор, при што алармните сирени се огласиле низ централните области на земјата, вклучително и метрополската област Тел Авив.

Службите за итни случаи не известија дека лицата биле директно повредени или дека е причинета материјална штета од проектилот, туку потврдија дека 18 лица биле повредени додека бегале кон засолништата.

По лансирањето на проектилот беа одложени неколку летови од Европа до меѓународниот аеродром „Бен Гурион“, а по околу 30 минути беа обновени активностите за слетување.

Синоќа Хусите известија дека во израелските воздушни напади врз меѓународниот аеродром „Сана“ и провинцијата Ал-Худајда биле убиени шест лица, а 40 се повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın