Ahmet Dursun
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за здравство на Иран, Иреч Херирчи, соопшти дека кај него е откриен новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Херирчи тоа го потврди преку соопштение објавено на неговиот профил на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека вчера бил задржан во карантин поради висока температура и дека е извршено тестирање за вирусот.
„Пред извесно време ги добив резултатите од тестот. И кај мене е откриен коронавирус“, додаде тој.
Херирчи истакна дека се наоѓа во добра состојба, при што рече: „Бидете сигурни дека ќе го победиме овој вирус.“