Gülbin Yıldırım
07 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Повторно започна да се спроведува првиот дел од санкциите кон Иран кои беа суспендирани во рамки на тоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повлече својата земја од нуклеарниот договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Пакетот санкции го спречуваат пристапот на Иран до американскиот долар, ја спречуваат продажбата на државните обврзници, ја спречуваат трговијата со злато и други вредни метали, како и со челик, алуминиум и јаглен, и увезувањето патнички авиони или делови за овие авиони.

Овие санкции ќе ги спречат странските фирми да влезат во автомобилскиот сектор во Иран, додека во овие рамки ставен е под ембарго и извозот на рачно изработени теписи и прехранбени производи во САД.
- „Еден милион лица може да останат без работа поради санкциите“
Вториот дел на овие санкции кои го вклучуваат енергетскиот сектор, ќе стапат на сила на 5 ноември, а се вели дека овие санкции ќе предизвикуваат голема штета за иранската економија која во последните месеци е на прагот на криза.
Министерот за труд на Иран, Али Реби, истакна дека околу еден милион Иранци може да останат без работа поради санкциите, и дека овој едностран чекор на САД ќе има голема цена за неговата земја.
Од друга страна, можно е и трети земји да бидат под негативно влијание од овие санкции поради што администрацијата на САД ќе ги спроведе санкциите на тој начин што ќе ги вклучи и другите земји кои продолжуваат со трговија со Иран.
Американското Министерство за трезор соопшти дека нема да бидат компензирани потенцијалните штети кои може да им бидат предизвикани на другите земји поради санкциите.
- „Оние што нема да ставаат крај на нивните односи со Иран ќе се соочат со сериозни последици“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во врска со повторното стапување на сила на санкциите кон Иран изјави дека САД се решителни да го обезбедат целосното спроведување на санкциите, и дека оние што нема да ставаат крај на нивните односи со Иран ќе се соочат со сериозни последици.
Трамп го опиша нуклеарниот договор со Иран како катастрофа, и ја брани одлуката за напуштање на овој договор.
„Ги поздравувам изјавите на голем број меѓународни фирми дека ќе го напуштат иранскиот пазар. Некои земји соопштија дека ќе го намалат или запрат увозот на суровата нафта од Иран. Ние ги повикуваме сите овие нации да направат чекори кои ќе покажат дека иранскиот режим се соочува со опциите: или повторно да се интегрира со глобалната економија, менувајќи ги заканувачките и дестабилизирачките активности, или пак, да продолжи на патот со економска изолација“, додаде тој.