Gamze Türkoğlu Oğuz
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
ВЕЛИНГТОН (AA) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, изјави дека ЕУ поттикнува зголемување на трговијата со Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини во текот на посетата на Нов Зеланд изјави дека поттикнуваат зголемување на трговијата со Иран, кој остана верен на нуклеарниот договор.
Се додава дека прават сè што можат за да остане Иран во договорот, за кој ЕУ верува дека е во корист на регионот и светот, кога станува збор за безбедност. Могерини истакна и дека вложуваат напори да се одржат економските предности за иранскиот народ.
Денес, започна примената на првиот пакет санкции кон Иран, што САД ги воведоа откако американскиот претседател Доналд Трамп во мај соопшти дека таа земја се повлекува од нуклеарниот договор.
Првиот пакет санкции се однесуваат на блокада на финанските трансакции, трговија со челик, јаглен, алуминиум, увоз на патнички авиони и нивните резервни делови. Вториот пакет санкции на сила ќе стапат на 5 ноември.
Во заедничкото соопштение на членките на Европската Унија (ЕУ), Франција, Велика Британија и Германија, во врска со новиот пакет американски санкции кон официјален Техеран во понеделник на 6 август, порачано е дека ЕУ решително ќе ги штити европските компании што работат со Иран.