Aamir Latif
29 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
МАРДИН (АА) - Најмалку 20 лица се убиени, а над 50 се повредени во напад на бомбаш самоубиец кој со мотоцикл удрил во зградата на владата во северозападниот дел на Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил во градот Мардан, на 150 километри од Исламабад.
"Бомбаш ја нападна владината Канцеларија за регистрација во која се издаваат лични карти. Во моментот на нападот, пред влезот на Канцеларијата се наоѓале голем број на луѓе кои чекале во ред да ги земат своите документи. Напаѓачот сакал со својот мотоцикл да влезе во просториите на зградата, но откако чуварот го спречил во тоа удрил во капијата", рече шефот на градската полиција.
Anadolu Agency (АА) пренесува дека на ТВ снимката од местото на нападот може да се видат локви крв, расфрлани парчиња облека, чевли, чаши и други работи. Од силната експлозија оштетени се неколку околни згради.
Властите очекуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми. Засега никој не презеде одговорност за нападот, но пакистинските безбедносни агенции претпоставуваат дека за нападот е одговорен "Thari-e-Taliban Pakistan" (TTP), здружение на различни бунтовнички групи кои делуваат во Пакистан.
На самоубиствениот напад во Мардан му претходеше погубувањето на четворицата талибанци осудени за оружен напад на училиште во Пешавар во 2014 година, во кој се убиени над 140 лица.